Шведска и Украина се последните две репрезентации кои обезбедија пласман на Европското првенство во Франција следната година.
Победите од првите натпревари на Шведска (2-1) и Украина (2-0) против Данска односно Словенија се покажаа како клучни откако реванш мечевите завршија без победник (2-2) и (1-1).
„Викинзите“ со двата маестралните погодоци на Златан Ибрахимовиќ поведоа со 2-0, а данците до крајот со два голови се спасија само пораз.
Украина со погодокот на Јармоленко во судиското продолжение го осигура пласманот на ЕП откако словенците поведоа преку Цесар во 11-та минута од натпреварот.
Учесници на ЕП : Франција, Англија, Чешка, Исланд, Австрија, Северна Ирска, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Белгија, Велс, Романија, Албанија, Германија, Полска, Русија, Словачка, Хрватска, Турција, Унгарија, Република Ирска, Шведска и Украина.
Мх.П.











