„Според моја евиденција, во изминативе две години почетниот курс по германски го завршиле повеќе од 130 луѓе. Кај нас важи правилото од 7 до 77. Имаме курсисти од 7-8 години и најстариот Владо од с. Рамне кој на свои 75 години одлучи да изучува странски јазик. Обично посетители на овој курс се невработени луѓе и ученици кои слободното време го користат да научат нешто ново, што би им користело при следното вработување“ – вели Сашо. Уште не` информира дека после новогодишната пауза курсевите ќе продолжат до на пролет, а најверојатно реализирањето на проектот ќе продолжи низ целата 2007.
Па, ако има некој расположен за „шпрехање“ нека
И старо и младо – на германски
Охрид, 27.12.2006 С. Костоски













