Идејата за изградба на автопат (експресен пат) преку од Охрид до Св. Наум преку планината Галичица, е добра сметаат читателите кои ги анкетираше OhridNews, но не се оптимисти дека таа може да се оствари. Десет проценти од анкетираните, пак, сметаат дека идејата е лоша.

Владата неодамна иницираше измени во планот за управување со НП Галичица, кој предвидува изградба на експресен пат, ски центар и три туристички развојни зони во Отешево и Стење – ресенско и Љубаништа – охридско. Дел од предвидената инфраструктура навлегува во строго заштитените зони на националниот парк, и зафаќа природни живеалишта на ендемски видови флора и фауна, а од друга страна трасата на автопатот поминува во планинскиот дел богат со извори кои се користат за водоснабдување, за што голем број забелешки упатија екологистите и стручната јавност

OhridNews

Заради изградба на автопат, ски центар и туристички зони ќе се менува планот за управување со НП Галичица