Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер и Австралиецот Ник Киргијос ја сочинуваат втората полуфиналната двојка на мастерс турнирот во Мајами.
Федерер за влез во 1/2 полуфиналето го совлада Чехот, Томаш Бердих во три сетови (6-2, 3-6, 7-6) после два часови игра, додека Киргијос славеше против Александар Зверев исто така во три сетови (6-4, 7-6, 6-3) после два и пол часови игра.
Победникот од овој дуел во финалето ќе се сретне со подобриот од првиот полуфинален натпревар меѓу Фабио Фоњини и Рафаел Надал.
OhridNews