
-По извршениот увид во кој учествуваа и полициски екипи од СВР Охрид, констатирано е дека се работи за лицето Филип Ѓ. (24) од Кичево, кој имал престојувалиште во Охрид. Денеска беше извршено препознавање на безживотното тело од страна на член на неговото поблиско семејство а по наредба на Јавен обвинител, во болницата во Битола, ќе биде извршена обдукција. – информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Неофицијално на телото не биле забележани знаци на насилство.
Инаку, на 16-ти овој месец, во 23 часот и 15 минути, во СВР Охрид, сега починатиот бил пријавен за исчезнат. Со него, според наводите во пријавата, бил невозможен контакт од 15-ти овој месец во 22 часот и 45 минути.
OhridNews











