До крајот на следната седмица, на веб-порталот на министерството за образование и наука ќе бидат поставени 415 000 прашања за естерното оценување за учениците од основните и средните училишта ширум земјава.
Прашањата се однесуваат на 5700 предмети, а покрај на македонски, иситите ќе бидат објавени и на албански, турски и српски јазик.
Инаку, екстерното тестирање оваа година ќе се спроведува од 2-ри до 10-ти јуни, со кое ќе бидат опфатени 183 511 ученици од четврто до осмо одделние, односно средношколците со исклучок на матурантите кои ќе полагаат Државна матура.
OhridNews