Според прогнозата на синоптичарите седмицата која следува, времето во Охрид ќе биде променливо, со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе се движи помеѓу 12 и 15 степени, а минималната од 4 до 8.

Поинтензивни врнежи од дожд и опаѓање на температурата се очекуваат во четврток и петок, кога се можни и повремени врнежи од снег.  Максималната температура во текот на овие два дена ќе бид е од 8 до 10 степени целзиусови.

За време на идниот викенд ќе дојде до стабилизирање на временските прилики. Времето ќе биде сончево и потопло.

OhridNews