Германскиот репрезентативец, Месут Озил забележа страшен пад во формата, откако започна преговори со Арсенал околу новиот договор.
Менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер застана во одбрана на Гераменцот и го изостави неколку пати од составот да го спаси од негативните критики.
Судбината на Озил на Емирати зависи токму од Венгер, односно од неговата одлука дали ќе продолжи или ќе замине од Арсенал.
– Сите во клубот знаат дека на Емирати дојдов поради Венгер, затоа сакам да знам што ќе одлучи тој за неговата иднина. Инаку, јас многу сум среќен во Арсенал, омилен сум меѓу навивачите, а соиграчите се фантастични, сепак мојата иднина зависи од Венгер. – изјави за германски Кикер, Озил.
Репрезентативецот на Германија на Емитари се пресели пред две сезони од составот на Реал Мадрид за 50 милиони евра.
OhridNews