Лошите резултати на почетокот од Ла Лига не се единствен проблем за Европскиот вицепрвак, Атлетико Мадрид. Во светските медиуми се појавија гласини за евентуално заминување на првата виолина во екипата, Ентони Гризман.
Најзагреани за услугите на францускиот репрезентативец се Манчестер Јунајтед и Пари Сент Жермен, но офанзивниот фудбалер отфрли било каков трансфер се додека е Диего Симеоне на клупата.
– Пред да преминам во Атлетико имав разговор со Диего Симеоне кој ме убеди дека ќе остане долго во клубот. Затоа можам да потврдам дека се додека е Диего Симеоне на клупата јас ќе бидам дел од Атлетико. Не ме интересираат другите понуди максимално сум фокусиран на Атлетико и сакам да ги израдуваме навивачите. – изјавил Гризман.
Цената на Французинот на трансфер пазарот се проценува околу 80 милиони евра, цена што одма ќе ја платат екипите заинтересирани.
OhridNews