Управата на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмуд застана зад тренерот Јирген Клоп иако резултатите се разочарувачки по првата полусезона.
„Милионерите“ се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата во Бундес лигата, но резултатите никогаш нема да влијаат на тренерското столче од Јирген Клоп.
– Тимот никогаш нема да го разреши Јирген Клоп. Тој ни помогна многу. Ја издигна оваа екипа толку многу што е незамисливо со отказ да му возвратиме – рече спортскиот директор на „милионерите“ Јоаким Вацке.
Избраниците на харизматичниот стратег во Лигата на Шампиони го покажуваат другото лице и без проблем обезбедија пласман во 16-те најдобри каде ќе се сретнат со Јувентус.
Мх.П.