Македонскиот интернационалец Горан Пандев по се изгледа ќе го одработи целиот договор со турскиот Галатасарај, кој е важечки до крајот на сезоната.


Пандев имаше летаргичен старт во дресот на Галатасарај и долго време ја бараше голгетерската форма.

– Челниците на клубот ќе одлучат за неговата иднина. Тој ја надмина играчката криза и сега покажува далеку подобри перформанси. Тој сака да остане во клубот до крајот на договорот и да му помогне на соиграчите – рече менаџерот на Пандев, Карло Палавичино.

Пандево во Турција се пресели од Серија А каде мина десет и повеќе сезони во екипите на Лацио, Интер и Наполи.

Мх.П.