Денес дечињата од градинката „Јасна Ристеска“, во придружба на нивните воспитувачки, го посетија основното училиште „Григор Прличев“ каде во тек е уписот на првачиња за учебната 2016/17 година.
Децата од градинката имаа можност да го разгледаат училиштето и да се запознаат со вработените. Посетата се одвиваше за време на одржувањето на часовите, така што беа запознаени со нивните идни ученички активности.
Децата се запознаа и со училишниот психолог, како и со наставничката по германски јазик која предава во паралелките по германски јазик во одделенска настава.
OhridNews

















