Атлетико Мадрид не успеа да го доведе првото засилување во зимскиот преоден рок откако фудбалерот на Ватфорд, Игало ја одби нивната понуда.


Ватфрод ја прифатил понудата од 14 милиони фунти, но самиот фудбалер одбил да се пресели во Шпанија изјавувајќи дека сака да остане во Англија.

Клубот од Ел Мадригал пет пати го скенирал првиот стрелец на Ватфорд и трет во Премиер лигата со 14 погодоци.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне во Игало гледал решение за нападот кој иако е составен од големи имиња ги нема посакуваните резултати.

Мх.П.