Македонската фудбалска репрезентација, утре во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проевски“ во седмата рунда од квалификациите ќе ја пречека селекцијата на Словенија. Императивот на „црвено жолтите“ е победа и покрај проблемите со повредени репрезентативци во ростерот.

  • Без разлика на отсуствата, не се жалам, верувам во квалитетот на сите што се тука и дека со една максимална борбеност и дисциплина, можеме да дојдеме до нашата заедничка цел, а тоа е да го добиеме натпреварот со Словенија. Проблеми имаме доста, но тие ќе не направат посилни. Ќе не зближат и ќе ја подигнат на уште едно повисоко ниво атмосферата во репрезентацијата. – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Предводникот на А репрезентација поради повреди на располагање ќе ги нема Енис Барди, Дарко Велковски и Егзон Бејтулаи кој ќе паузира поради жолти картони. За претстојните дуели Ангеловски како дебитанти ги повика Марио Младеновски од Вардар и Ѓорги Стоилов од Академија Пандев.

Македонија со осум бодови е четвртопласирана на табелата, додека Словенија со три бодови повеќе се наоѓа на третата позиција во групата.

OhridNews