Магистерот по економија Игор Бежоски ќе ја извршува функцијата секретар на Општина Охрид во наредните четири години, дознава OhridNews. Во телефонски разговор тој ни потврди дека и официјално го добил решението со кое стапува на новата функција.

Новиот секретар на општината доаѓа од редот на вработените и добро ги познава состојбите во локалната самоуправа. Игор Бежоски до сега ја извршуваше функцијата раководител на одделението за сметководство и плаќања во општината. 

Бежоски на функцијата секретар ќе го замени Димитар Спасески кој, како што дознаваме, останува со работен ангажман во локалната самоуправа.

Г.М.