Охридскиот ракометен клуб во своите редови го доведе пивотменот Игор Чагаљ. Српскиот интернационалец  со искуство од регионалната СЕХА лига го одбрал Охрид пред клубови од Шпанија, Србија и Унгарија, кои исто така биле заинтересирани за неговите услуги.

Преговорите со Охрид траеја десеттина дена. Клупските претставници ми го презентираа планот кој многу ми се допадна и ја прифатив понудата. Заинтересираност имаше од неколку клубови од Шпанија, Србија, Унгарија и Израел, но предизвик беше да играм во шампионот во кој се наоѓаат екипи како Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер. – изјави Чагаљ.

Корпулетниот ракометар (2 метри висок) ќе биде големо засилување за охридскиот стратег Раде Стојановиќ кој ќе има опција за ротација со првиот пивот во екипата, Иван Тасески.

„Гладијаторите“ подготовките за новата сезона ќе ги започне на 27 јули. Тие ќе се одвиваат исклучиво во Охрид, а потврдено е учеството на турнирот во Струга.

OhridNews