Соседските пресметки се секогаш интерсни и возбудливи, а кога на сето тоа ќе се додаде дека се игра во плејофот, нам не очекува вистински предизвик во Струга, – рече пивотменот Игор Чагаљ, во најавата за „Езерското“ дерби кое ќе се одигра утре во 14 часот, во рамките од шестата рунда во плејофот од Супер лигата.

„Гладијаторите“ имаа позитивен биланс со стружани сезонава, победувајќи ги два пати во регуларниот дел од Супер лигата и во 1/4 финалната пресметка во Купот на Македонија.

Наша предност треба да биде одбраната и полу контрата. Екипата на Струга е спој на екипа од младост и искуство. Младите ќе сакаат да играат, а искусните да ги водат како треба. Вистинска штета е што ќе се игра без публика, но ние, секако, играме за нашите навивачи и верни поддржувачи, – истакна Србинот.

Во пресрет на дербито Охрид се наоѓа на четвртата позиција на табелата со седум бодови, додека Струга е осмопласирана со два бодови.

Мх.П.