Во Спортско рекреативен центар  „Билјанини извори“  утре на 24-ти февруари 2016 година, со поддршка на општина Охрид, ќе се одржи настан од едукативен и забавен карактер, под мотото „Шампионот обединува – насмевка, живот, едукација“.

Промотор на настанот ќе биде познатиот возач и двократен европски шампион во автомобилизам на ридски патеки Игор Иџе Стефановски, кој ќе говори за безбедноста во сообраќајот.

-Целта на оваа кампања која се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот е преку посебна програма младите да се едуцираат  за опасностите кои можат да настанат од брзо и недоговорно возење, а воедно и да им се објасни кои се спортските вредности, да го почитуваат фер-плејот во спортот и тимската работа, објаснуваат од општина Охрид.

Бидејќи оваа кампања има и забавен карактер, во спортската сала „Билјанини извори“ ќе биде обезбедено возило, симулатор и картинг, а присутните ќе имаат можност да се фотографираат со европскиот шампион, Игор Стефаноски Иџе.

Според најавите, настанот ќе започне во 12 часот и 30 минути.

OhridNews