Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница  му предложила на Централниот Комитет, а тој ги утврдил имињата на следните 10 кандидати за градоначалници од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.

За општина Дебрца кандидат за градоначалник од оваа партија ќе биде актуелниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, Игор Трајкоски.


Како што потенцираат од партијата, основен вредносен принцип според кој Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се водел при изборот на кандидатите за градоначалници за престојните локални избори била понудата на квалитетни програмски решенија во сферата на инфраструктурниот, стопанскиот и економскиот развој на општината. Значаен критериум за избор на кандидатот бил и неговиот личен кредибилитет и досегашен придонес за општината за која се кандидира.

OhridNews