Кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, Игор Трајкоски, победи во вториот круг од локалните избори за градоначалник на општина Дебрца.
Трајкоски на градоначалничкото место доаѓа од функцијата државен инспектор за животна средина.
Според првичните резултатити од Државната изборна комисија – ДИК, за Трајкоски гласале 1822 граѓани, додека неговиот против кандидат и актуелен градоначалник Љупчо Којчиноски од Сојузот за иднината добил 1650 гласа. Којчиноски беше градоначалник на Дебрца 4 мандати.
Одзивот на гласачите во Дебрца во вториот круг бил 77,30 проценти.