Стручниот штаб на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед од следната сезона ќе биде поброен и побогат за Мајкл Карик. Капитенот на „црвените ѓаволи“ официјално најави повлекување од активното играње фудбал и посветување на тренерската кариера која ќе започне покрај еден од најдобрите менаџери на островот и светскиот фудбал.

– Дојде времето кога можностите на телото се помали од моите желби, што е доволен знак дека дојдов на крајот. Oткако се појавија моите проблеми со срцето, размислував два или три дена дали треба да продолжам понатаму. Се вратив доволно подготвен и сакав да ја завршам кариерата така како што јас сакам. Треба да се одржувам во форма и да бидам подготвен. Се надевам дека ќе добијам уште време на теренот до крајот на сезоната. Се уште се забавувам за време на тренинзите. Се обидувам да помагам многу повеќе, бидејќи разбирам каде се наоѓам. – изјави Карик. 

36-годишниот фудбалер на Олд Трафорд се пресели 2006 година од тимот на Тотенхем. Карик ги фати најубавите денови на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед освојуваќи титули во сите клупски натпреварувања.

Иначе, со заминувањето на Карик, заминува и „шампионската“ ера на Фергусон. Карик беше последен играч од екипата 2008 година која во Москва после изведувањето на пеналите го совлада Челси и се искачи највисоко на пиедесталот во Лигата на Шампиони.

OhridNews