Одбрамбениот играч на Јувентус Даниеле Ругани (25) е позитивен на корона вирус, соопшти вечерва италијанскиот клуб, посочувајќи дека фудбалерот нема симптоми на болеста.

Јувентус започна процес на самоизолација, согласно законските прописи, вклучително и на тие лица кои биле во конталт со него. – стои во клупското соопштение.

Екипата на Јувентус вчера имала тренинг, што значи дека сите играчи на „старата дама“ ќе одат во самоизолација.

Мерки на предострожност презема и екипата на Интер, која се соочи со Јувентус на 8 март. Ругани на таа средба беше резерва, но имал контакт со противничките играчи.

Италија е жариште на корона вирусот. Само во последните 24 часа од вирусот Ковид 19 во оваа земја починаа 196 лица.

OhridNews