Играч на Канелес, екипа која се натпреварува во Третата лига на Португалија, на натпреварот против Рио Тинто го нокаутирал судијата, поради што добил доживотна суспензија од фудбалот.
Марко Гонзалвеш, фудбалер на португалискиот третолигаш Канелес, на натпреварот против Рио Тинто, оправдано добил црвен картон, но незадоволен од одлуката го нокаутирал главниот судија.
Несреќниот судија се здобил со скршеница на носот, а фудбалерот бил веднаш приведен во полициска станица.
Дисциплинската комисија при Фудбалскиот сојуз на Португалија реагирала експресно и на Гонзалвеш му изрече доживотна суспензија од фудбалот.
OhridNews