Играчите оние кои останаа ќе ја спасуваат Парма од најлошото и во сопствена режија ќе отпатуваат на следниот натпревар во Серија А.
Иако фудбалерите немаат ниту една плата земено оваа сезона тие нема да му свртат грб на клубот и ќе пробаат да го спасат од најлошото.
– Како во некој хороо филм да се наоѓаме. Нема нешто што неможете да го замислите, а нас да не ни се случи во овие четири години каде сменаа четири претседатели на чело од клубот. Сите бевме огорчени што во неделата неможевме да одиграме против Удинезе. – рече капитенот на екипата Алесандро Лукарели.
Поддршка за фудбалерите на Парма стигна од тимот на Сампдорија, кој соопштението до „млекарите“ напишаа. – Италијанскиот фудбал не може да остане индиферентен на професионализмот, смиреноста и зрелоста на момците кои се жртвуваат за опстанок на клубот. Им честитаме од срце и им посакуваме многу брзо враќање во нормала.
Ohridnews