Со отказ за Рафа Бенитез и именување на Зинедин Зидан за нов тренер заврши сагата на Сантијаго Бернабеу која траеше од почетокот на сезоната.
Навивачите по назначувањето на Бенитез му се спротиставија, но неговите ветувања малку ја смирија тензијата, која пак се разгори по лошите резултати и поразот од Барселона (4-0) на Сантијаго Бернабеу.
Сепак, играчите на крајот му пресудија на Бенитез со нивната непослушност на дуелот со Валенсија кој заврши без победник 2-2. После водечкиот погодок на Герет Бејл сите фудбалери славеа заедно не погледнувајќи го Бенитез кој немоќен стоеше покрај аут линијата давајќи му совети на Тони Крос.
Според, Марко Матераци шпанскиот стручњак ја повторил грешката од Интер кога го презеде клубот од Жозе Мурињо селектирајќи ги играчите со кои ќе биде близок.
Ohridnews











