Бразил е една од ретките земји во светот во која непречено се играат мечевите од националните фудбалски шампионати. Натпреварите се играат без публика, но според планираните термини и распоред.
Први, кои, го кренаа гласот против играњето фудбал во моментите кога е прогласена пандемија од коронавирусот во светот беа играчите на Гремио. Тие, со маски на лицето излегоа на теренот пред официјалниот почеток на мечот со Сао Луиз. На играчите потоа им се приклучи тренерот, кој на пресконференцијата се појави со маска и нараквици.
Во Аргентина, клубовите заеднички дејствуваа во фудбалската федерација и се изборија за стопирање на првенството. Се верува дека Бразил ќе го следи истиот пример и ќе го стопира фудбалот.
Ширум Европа прекинаа сите спортски активности.
OhridNews












