Европскиот првак Барселона и Реал Мадрид фудбалери доминираат во изборот за тимот на 2015 година со по четири преставници, а останатите доаѓаат од Баерн Минхен, ПСЖ и Јувентус.
Од таборот на каталонците доаѓаат Дани Алвес, Андрес Иниеста, Лионел Меси и Нејмар додека од кралскиот клуб се Серхио Рамос, Лука Модриќ, Марсело и Кристијано Роналдо.
Голот на тимот на годината ќе го чува Мануел Нојер, а друштво ќе му прават уште Тијаго Силва односно Пол Погба.
Тимот на годината : Мануел Нојер (Баерн Минхен), Марсело (Реал Мадрид), Дани Алвес (Барселона), Тијаго Силва (ПСЖ), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Пол Погба (Јувентус), Иниеста (Барселона) Нејмар (Барселона), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид).
Ohridnews











