Лошите резултати веќе не се приоритетен проблем за Ливерпул колку бојкотот на играчите на менаџерот Брендан Роџерс.
Неколку играчи меѓу кои се споменува Марио Балотели го кренале гласот против Роџерс, кој пак целосно ја изгуби контролата во соблекувалната.
„Црвените“ минатата сезона до последното коло се бореа за титулата, а оваа уште на средината од шампионатот ги загубија шансите, а нема да обезбедат ни пласман во Лигата на шампиони.
Ситуацијата на „Енфилд“ ја размрда долго годишниот капитен Стивен Џерард, кој објави дека по завршување на сезоната ќе го напушти клубот.
Следната сезона Роџерс ќе има полни раце работа прво на трансфер пазарот, а потоа во клубот за враќање на самодовербата на играчите.
Мх.П.