Филмска манифестација „Гопо“ ги слави најважните достигнувања на романското кинематографија во годината 2020 година, што се одржува под знакот на пандемијата на коронавирусот. И покрај тешкотиите со кои се соочија, некои од филмовите објавени минатата година имаа можност да бидат погледнати од романски гледачи, да учевствуваат на врвни фестивали, номинации и да добијат важни награди. 15-то издание на Гала на наградите „Гопо“, кое е како пандан на холивудскиот оскар за најдобрите достигнувања, во исклучиво силна конкуренција, Директорот на Фотографија, Патру Паунеску ја освои престижната награда Најдобра Фотографија на игран филм, доделена од романската асоцијација на кинематографери, за играниот филм “Дедо и Внук”, кој е направен во македонско-романска ко-продукција.
“Признание за сработеното од нас и целиот тим од Македонија, кој направи сензационална работа и радост што луѓето можат да видат колку е убав градот во кој снимавме, имено Охрид. Ми беше чест и задоволство да работам на овој филм. Одлични услови и феноменлна екипа. Го сакам Охрид, ја сакам Македонија” – Изјави директорот на фотографија, Патру Паунеску по доделување на наградите.

Направивме добар филм. Филм, со приказна која никого не го остава рамнодушен. Се радувам на сите награди и признанија. Ме прават горд и ме мотивираат и ми даваат поттик за уште подобар да бидам во иднина. Учев во добра школа, Филмската академија во Букурешт, Романија, која ми даде знаење и занает да го прикажам најдоброто. Да бидам достоен, културен амбасадор на Македонија. Филмовите се скапа уметност, но неопходни за културата на еден народ. Се надевам дека национална поддршка ќе биде поголема во иднина, – изјави Илија Пиперкоски.
Режисерот Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, раскажува прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

OhridNews















