Дисциплинската комисија во Серија А му изрече казна од два натпревари на Гонзало Игуаин за црвениот картон кој фудбалерот го доби на дерби средбата со Јувентус на „Сан Сиро“.

Аргентинскиот напаѓач диретниот црвени картон го доби во 80-та минута кога бурно реагираше на една од одлуките на главниот судија Паоло Силвио.

Игуаин ќе ги пропушти мечевите со Лацио и Парма, а ќе се врати за дуелот со Торино во Милано.

OhridNews