Најскапиот фудбалер во Серија А, Гонзало Игуаин и најдобриот голман, Џиџи Буфон му ја отворија вратата за финалето во Купот на Италија на Јувентус кој славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Аталанта во Бергамо во првиот меч од полуфиналето.

Аргентинецот во втората минута погоди за водство 1-0, додека италијанската голманска легенда во 20-та минута одбрани пенал и го задржа водството на својот тим.

„Бјанконерите“ не дозволија нова шанса за домаќините и забележаа победа која во голема мера значи пласман во финалето на националниот Куп.

OhridNews