Средбите помеѓу Наполи – Јувентус последниве две години се во знакот на Гонзало Игуаин, кој за рекорден трансфер во Серија А премина од едната кон другата страна.

Да биде и на теренот се во негов знак се прогрижи самиот фудбалер кој го постигна единствениот погодок на дербито на Сан Паоло во 15-та рунда од италијанската Серија А.

– Јас се што имав да кажам го кажав на теренот. Прославата на голот ја посветив на Де Лаурентис кој не можев да го пронајдам на трибините. – кратко изјави Игуаин после натпреварот.

Аргентинецот играше со посебна заштита на шаката од левата рака по оперативнио зафат кој го имаше оваа недела.

Душманот Игуаин среќен за Јувентус на Сан Паоло (видео)

OhridNews