Италијанскиот Скај спорт го најави трансферот на Гонзало Игуаин од Наполи во Јувентус за вртоглави 94 милиони евра.


Како што пренесува Скај спорт, аргентинскиот репрезентативец треба да ги помине потребните медицински прегледи пред да се официјализира на договор.

Аргентинецот со „старата дама“ ќе потпише четиригодишен договор вреден 7,5 евра по сезона.

Преселувањето на Игуаин во Јувентус ќе значи збогум за Марио Манџукиќ кој во Торино пристигна од Атлетико Мадрид.

Исто така, Скај спорт пишува дека „бјанконерите“ потребните пари за Игуаин ги обезбедиле со договорениот трансфер на Пол Погба на Олд Трафорд за сума од 120 милиони евра.

OhridNews