Аргентинскиот репрезентативец Гонзало Игуаин заедно со Матија Калдара го засилија Милан, а Леонардо Бонучи се врати во Јувентус во трампата која двата клуба ја направија. Игуаин го имаше главниот збор во зделката, бидејќи на маса имаше понуда и од Челси. Голгетерот ги одби „сините“ и ја прифати понудата од Милан.

  • Имав одлична соработка со Сари, меѓутоа тој беше единствениот човек кој ме посакуваше Челси. Во Милан сите покажаа интересен за мене, а тоа е многу важно за играч кога пристигнува во новиот клуб. – изјави Игуаин при презентацијата во дресот на Милан.

Игуаин ќе го носи дресот со бројот 9, додека Калдара 33. Бонучи немаше топол пречек во Торино, откако беше исвиркан од навивачите на „старада дама“.

OhridNews