Голгетерот на Јувентус, Гонзало Игуаин размислувал да ја прекине фудбалската кариера после поразот на Аргентина од Германија во финалето од Светското првенство во Бразил 2014 година. Игуаин неколку дена после финалниот натпревар не кревал на телефон, не контактирал со никого и целосно се повлекол.
Клучна улога во тешките моменти одиграла мајка му која не дозволила Гонзало да се повлече од фудбалот.
Секогаш жалем што се затворив и не излегов, плашејќи се од она што луѓето би можеле да го кажат. Да, точно дека не ја постигнавме нашата цел, но стигнување до три финалиња не е неуспех. Јас требаше да ја прекинам кариерата, но мајка ми ми рече да продолжам. Ако тоа зависеше од мене, јас ќе го напуштев фудбалот. Таа рече дека нема да дозволи да го оставам она што го сакам. – изјави Игуаин.
Аргентина во финалето од Германија изгуби со 0-1. Погодокот вреден победа и титула за германците од Мундијалот го постигна Марио Геце во продолженијата.
OhridNews