Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин го одбележа дербито на Сан Сиро помеѓу Милан и Јувентус кое заврши во корист на гостите 2-0. Игуаин при резултат 1-0 за „старата дама“ не реализираше удар од белата точка, а после голот на Роналдо за 2-0 доби жолт, а по вербалната расправија со судијата и црвен картон.

  • Одлуката на судијата да досуди фаул од мене, место за мене не беше фер. Санкциониран сум, а никој јас не навредив. Им се извинувам на навивачите, на тренерот и соиграчите, клубот, бидејќи вакви работи никој не очекува од мене и нема да се повторат во иднина. Луѓе сме, може и да згрешиме затоа и се извинувам. – изјави Игуаин.

Поразот во дербито Милан го чинеше пад едно место на табелата. Во следната рунда „росонерите“ ќе се судрат со Лацио и најверојатно без Игуаин кој сигурно ќе одмара еден натпревар.

OhridNews