Напаѓачот Мауро Икарди ги одби богатите понуди од Манчестер Јунајтед и Челси и одлучи да остане во редовите на италијанскиот калчолигаш Интер.


Капитенот на „нероазурите“ за италијанските медиуми изјави дека останува фокусиран само на клубот кој го сака и почитува.

– Секогаш зборував дека сакам да направам големи работи со Интер. Максимално сум фокусиран и посветен на клубот кој му пружи прилика да бидам она што посакував од мали нозе. – рече Икарди.

Аргентинецот има бидено дел од школата на Барселона, а во Серија А покрај за Интер, Икарди има настапувано и за Сампдорија.

OhridNews