Екипата на Интер во следните два меча во Серија А ќе биде ослабена откако дисциплинската комисија во „Калчо“ лигата ги суспендираше Мауро Икарди и Иван Перишиќ.


Дуото на Интер казната ја добива за испадите на дербито со Јувентус кое „нероазурите“ го загубија со минимални 1-0.

Хрватот поцрвена во текот на мечот, додека Аргентинецот после завршување со топка се обиде да го погоди главниот судија Никола Рицоли.


Интер без капитенот Икарди и еден од подобрите играчи Перишиќ ќе биде на мечевите со Емполи и Болоња.

OhridNews