Италијанскиот калчолигаш Интер со драматичен триумф (2-1) пред своите гледачи против Тотенхем ги започна мечевите во Лигата на Шампиони.  „Нероазурите“ до победата стигнаа со пресврт во последните пет минути. Водството на гостите го анулираше Мауро Икарди, а трите бодови ги донесе Матија Весино во судиското продолжение.

  • Ја заслуживме победата, бидејќи се боревме до финалниот свиреж. Среќен сум за тимот, за навивачите и за мене, ова е одлично деби во Лигата на Шампиони.  Што се однесува до голот, топката имаше перфектен пат до мене, а јас ја удрив соврешено и за среќа ја погодив целта. – изјави капитенот на Интер, Икарди.

Интер во фазата по групи во ЛШ учествува по пауза од шест години и очекувано за многу од играчите ова да биде во најквалитетното европско клупско натпреварување.

  • Победата над Тотенхем ја извојува тимскиот дух кој не се растури и покрај негативата и краткото време кое остануваше до крајот на мечот. Многу од нас за прв пат играа во ЛШ, но верувајте на теренот не изгледаше така. – додаде холандскиот интернационалец Стефан де Вриј.

Во втората рунда Интер гостува кај тимот на ПСВ Ајндховен, додека Тотенхем во Лондон ќе се сретне со Барселона.

OhridNews