Во најновата епизода од „случајот Икарди“ учествуваше сестрата на фудбалерот Ивана, која на социјалните мрежи ја нападна сопругата на голгетерот на Интер, Ванда Нара. Според сестрата на Икарди, Ванда Нара го злоставува Мауро и гледа само корист од фудбалерот, кој се најде во непријатната ситуација.

  • Сирот мој брат, зошто го дозволуваш сево ова што ти се случува? Интер не дозволува таков став. Кога би ја имал правилната сопруга до тебе, која нема да те злоставува, вакви работи нема да ти се случуваат. – напиша сестрата на Икарди.

Ванда Нара не остана покусо и` и врати на Ивана која ја обвини дека се јавува само кога и требаат пари. Потоа се огласи и фудбалерот кој побара од сестра си да не се грижи за него, туку за останатите шест браќа кои не ги бара на социјалните мрежи. Ивана и за тоа имаше одговор.

  • Немам потреба да прашувам за нив преку социјалните мрежи, бидејќи тие се јавуваат на телефон кога ги барам. Тие немаа таква личност каква што имаш ти во животот која прави магии да ја поправи сликата за себе. Престани да бидеш толку глуп и отвори ги очите! Врати се и биди човекот кој некогаш сите го сакавме. – возврати сестрата на Икарди.

Симпатизерите на Интер го загубија трпението и го каменуваа автомобилот на Ванда Нара, а фудбалерот многу веројатно дека нема да настапи на денешниот меч со Сампдорија на „Џузепе Меаца“ во рамките од Серија А.

OhridNews