Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди со „шут карта“ од Интер ќе го плати нереализираниот пенал во дербито со Милан кое „нероазурите“ го изгубија 3-0.
Тренерот на Интер, Роберто Манчини од управата побарал трансфер на Икарди кој само пред шест месеци потпиша нов договор и ја презеде капитенската лента.
Фудбалерот и тренерот подолго време не се во најдобри односи, а Икарди дербито со Милан го започна од клупата за резерви.
Цената на Аргентинецот изнесува 25 милиони евра, а интерес веќе покажал Ливерпул кој сака да го доведе на позајмица, а по завршување на сезоната да го откупи целиот договор.
OhridNews











