Влезот на Туркмол на Скопскиот саем, ја отвори можноста шведскиот бренд, чиј застапник е турската компанија за овој дел од Европа, да дојде и во Македонија, информира македонската телевизија.

„Туркмол“ влегува во проектот на Ера „Град во град“ на Скопскиот саем.  Туркмол, компанија која е лидер во регионот во изградба на трговски центри, во неколку земји во Европа веќе го внесе брендот „Икеа“.

Од Ера за МТВ изјавуваат дека деталите за инвестицијата ќе се знаат наскоро.ИКЕА  е еден од најголемите и најпознатите меѓународни компании, има најголем синџир за продажба на мебел, а основан од  познатиот шведски претприемач Ингвар Кампард во  1943. година.

Икеа денес е присутна во 36 земји, во Европа, Австралија и Канада, со 285 стоковните куќи и трговски центри. Најголем нејзин пазар е Германија каде што има  43 продавници. Икеа планира до 2015 година  да влезе и во земјите од поранешна Југославија, а цел и се и земјите во развој во кои се уште нема ртазвиена мрежа.

OhridNews