Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 2012 година, ќе врши мониторирање на светското наследство во охридскиот регион и Кокино.

Програмата ја одобри Министерството за култура. Со неа се предвидува тим од стручни лица да изврши преглед со цел да се увиди состојбата на културното наследство во Охрид каде има многу заштитени  објекти и ќе седадат препораки во која насока да се движат интервенциите.

Според ИКОМОС во Охрид најзагрозено е старото градско јадро пред се од урбанизацијата. Многу забелешки ИКОМОС има и на последните измени во  ДУП-от за централното градско подрачје на Охрид, кое е заштитено со посебен закон, со Конвенцијата на УНЕСКО и со ред други акти.

Под мониторинг покрај Охрид ќе бидат о општините Дебарца и Струга.

OhridNews