Лидерот на табелата во Премиер лигата, Челси ќе остане без својата икона Џон Тери, откако клубот најави дека капитенот после завршувањето на сезоната ќе го напушти Стемфорд Бриџ.
Дефанзивецот дресот на лондонскиот премиерлигаш го носеше 713 пати во 22-годишниот престој, а со клубот освои 14 титули.
Се уште не се знае следната дестинација и избор на Тери кој помина се и сешто во тимот на Челси, но едно е јасно дека екипата од Стемфорд Бриџ нема да биде како порано.
Во историјата со 713 настапи Тери е трет на вечната листа, а токму тој е последниот фудбалер од четата на Жозе Мурињо која во 2004 година ја донесе првата титула во Премиер лигата.
OhridNews