Следната сезона Челси ќе има сосема нов изглед откако тимот ќе остане без „вечниот“ капитен Џон Тери. Иконата на клубот нема да се повлече од фудбалот, но со сигурност ќе ја напушти Англија.
Виновник за заминувањето на Тери од Стемфорд Бриџ е клубот кој нема намера да му понуди нов договор по истекување на стариот.
Дефанзивецот цели 18 години е дел од лондонскиот клуб во кој мина сито и решето. Дојдоа и заминаа многу менаџери, но само капитенот остана вечен и со „сините“ освои вкупно 16 титули.
Поранешниот англискиот репрезентативец има освено четири титули во Премиер лигата, пет титули во ФА Купот и по една во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа.
OhridNews











