Директорот на ЈП „Нискоградба“, Никола Икономовски, со реакција по изјавите на екс директорот Владо Цветкоски, изнесени во текот на вчерашниот ден.
„На прес конференцијата ги истакнавме проблемите со кои се соочува јавното претпријатие, задолжувањата и обврските кои ги имаме и начинот на кои тие се направени. Во ниту еден дел не се спомна дека претпријатието работи нерентабилно и во негатива . Во интерес на јавноста, до колку состојбата е таква каква што ја прикажува во демантот екс директорот Владо Цветкоски, нека каже зошто вработените земаа плата со закаснување од три месеци и зошто платата ја земаа на два пати , зошто плавите картони ги земаа со задоцнување и со истечена важност, зошто парите за плата не се земаа од побарувањата туку се земаа по пат на позајмици од приватни фирми и згора на тоа се плаќаа камати на истите? Зошто сметката на јавното претпријатие е блокирана по основ на неплаќање на ДДВ кога касата е толку полна.?“ – стои во реакциjата на директорот на ЈП „Нискоградба“, Никола Икономовски.
Тој додава дека во демантот на екс директорот не се споменати трошоците за репрезентација и за задружување на плата на сметка од вработените.
„Во демантот не слушнавме ништо за огромните трошоци за репрезентација и скапи ручеци, за задржувањата на плата на сметката од вработените, а не исплаќање на истите на банките- административните забрани се одлука на вработените, но обврската на директорот е парите да ги проследи до банките. За вработувањата по роднински врски, за фактурата за ресторански услуги направена по неговото разрешување.“ – додава Икономовски.
OhridNews