Илјадници фанови на актуелниот италијански шампион Јувентус го поздравија португалскиот ас Кристијано Роналдо, кој денеска официјално ќе биде промовиран во нов член на „старата дама“, откако успешни ги мина лекарските прегледи.

Најдобриот играч во светот во трансфер вреден 105 милиони евра премина од Реал Мадрид од Јувентус и стави крај на деветгодишната авантура во шпанскиот фудбал.

Пресконференцијата за преставување на Роналдо е закажана во 17 часот и 30 минути.

OhridNews