Ништо не е исто после овој пораз, ќе има екстра притисок на нашите плеќи, бидејќи екипите не не гледаат како аутсајдери – се првите впечатоци на Владо Илиевски по поразот од Ангола во првиот меч од турнито во Каракс.

Агресивниот стил на игра, го најде затечен македонскиот плеј. Африканците доминираа под обрачите, имаа 20-9 предност во скоковите а на средината од вториот период и огромни плус 17.

Зачудувачки беше како овие момци се силни и како скокаа околу нас – вели Илиевски.

Отако се созедоа “мирната“ игра им донесе резултат на “црвено-жолтите“ кои имаа неколку можности да изедначат но не успаа во својата намера . Денес Македонија игра против Нов Зеланд и само победа ја остава во игра за пласман во понатамошната фаза, ќе им треба и дел од литванската магија за да го остварат тоа.

– По мечевите во Литванија, на секаде се зборуваше за нашиот успех. Ако одиграме како што знаеме тогаш може да направиме нешто специјално на овој турнир и да се квалификуваме на Олимпијадата. Оваа генерација порасна заедно во последните неколку години и ова е нашата шанса да се направи нешто големо – завршува Илиевски.