Потекнуваат од исти град, нивните кариери ги градат на различни места, еднаш ги спои вечниот Рим, а засекогаш ги спојува Македоија. Струмичаните Влатко Илиевски и Горан Пандев, заедно со Кире Лазаров се најголемите македонскит промотори во светот. Повозрасниот Влатко не штетдеше зборови за својот сограѓанин и пријател Горан.


–    Јас и Горан сме голема разлика во годините. Тој е помал од мене, ние не се среќавме многу и немаме некој поголем контакт. Пандев во моментов е најголемиот македонски амбасадор. Сите ние треба да се гордеме со него, луѓето треба да сватат дека е многу тешко да се дојде до ваков клуб , ваков гигант каков што е Интер. Тоа се топ клубови во кои верувајте е тешко да се стигна, Поради се што направил досега стварно треба да се гордееме со него и неизмерно да го бодриме.

Краткиот престој во Македонија, плејкејмекрот Илиевски ќе го искористи за да ја запознае својата фамилија со Македонија. Во Охрид со него се помалиот син Јакоб и неговата сопруга Ања. 

– Поради повредети не само што не можев да играм за Македонија, туку не можев да ја посетам својата фамилија . Првата година не ни дојдов во Македонија, а во втората бев само седум дена. После долго време се гледам и со моите пријатели и мојата фамилија. Постариот син Лука и сопругата  неколку пати се дојдени , додека за Јакоб ова е прво гостување во Македонијa – вели Илиевски.

М.П.