Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во рускиот тим Локомотив Кубан. Илиевски сезоната ја започна во турскиот Анадолу Ефес, но во последниот месец воопшто не добиваше шанса од тренерот Уфук Сариџа.
Илиевски за Анадолу Ефес одигра 11 лигашки и 10 натпревари во Евролигата забележувајќи по околу 4 поени и 2,5 асистенции во просек. Локомотив Кубан е10-от клуб во кариерата на Илиевски, по Партизан, Анталија, Унион Олимпија, Барселона, Лотоматика Рома, Болоња, Монтепаски, Тау Керамика и Анадолу Ефес.
Локомотив Кубан во рускиот шампионат се наоѓа на четвртото место на табелата, со скор од 5 победи и 4 порази. Екипата која од клупата ја предводи трофејниот српски тренер, инаку актуелен селектор на Словенија, Божидар Маљковиќ, се натпреварува и во Топ 16 фазата во Еврокупот.
Илиевски во Локомотив ќе игра заедно со поранешниот македонски репрезентативец Џеремаја Мејси.
“макфакс“
Ohridnews